СЕ ЗАОКРУЖУВА КАНАЛИЗАЦИЈАТА ВО КРИВОГАШТАНИ

Со пари од Европската инвестициона банка добиени преку Министерството за транспорт, во Кривогаштани се доградува канализационата мрежа. Жителите конечно ќе го решат загадувањето и маките со одливот на фекалните води.

– До крајот на ноември ќе се симне од дневен ред прашањето за фекалната канализација. Со овој крак од 1272 метри, 99 отсто од жителите ќе имаат пристап до канализационата мрежа и ќе ги затворат септичките јами. Инвестицијата е околу пет милиони денари, а изведувач е фирмата Алфа Инженеринг од Радовиш. Продолжуваме со градба на канализациски системи во останатите населени места – вели градоначалникот Тони Заткоски.

Loading