КРУЖЕН ТЕК КАЈ СОЛИДНОСТ

Голем кружен тек ќе се гради на крстосницата кај Солидност да се олесни сообраќајот и да се разубави градот. Одобрена е од Светска Банка градбата на вториот дел на авенискиот влез, од бензинската пумпа на Макпетрол до крстосницата кај Солидност. Завршен е тендерот и избрана е фирмата – Гранит.

– Кредитот е 800 илјади евра и го добивме заради добра работа на ЛС. Добивме 50 илјади евра грант и ќе имаме донација од 80 илјади евра од втората фаза. Продолжуваме со уредување уште на 1200 метри од улицата “Александар Македонски” – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Се проектираат еднонасочни улици со зелен појас кај населбата Димо Наредникот и кај ОУ “Гоце Делчев”. Сообраќајот ќе е побезбеден и градот ќе личи на мала метропола. Се проектира зголемена безбедност за пешаците, велосипедистите и мотоциклистите.

Ќе се уреди и влезот од кај Салида, кој се очекува да заврши за неколку години.

Loading