На третата сесија Форуми на заедницата, жителите на Кривогаштани низ разговорите предлагаат приоритетна градба на инфраструктурни објекти. Поголемиот дел од населението смета дека на Кривогаштани му недостасуваат спортски игралишта и е нужна итна градба на спортски терени.
Дел од работните групи граѓани се на мислење дека е важно брзо да се обележи патната инфраструктура во Општината, други пак сакаат почиста средина и предлагаат поорганизирано собирање и одложување на сметот. За квалитетен живот е битно и асфалтирањето на улиците, а некои бараат создавање на мултимедијален центар. Не е мал бројот на оние кои сметаат дека на прво место е реконструкцијата на домот на културата, а од соседните населени места, приоритет ставаат на реновирањето на фудбалските терени во селата Обршани и Крушеани.
Најголем интерес пројави предлог проектот за Изградба на спортски игралишта.