ЗАПЛЕНЕТА ТАБЛА

Во паркот кај плочникот, има информативна табла, на која се гледаат остатоци од некролози, соопштенија, реклами, политички маркетинг и слично. На “сложувалката”, никој не може види целосна информација. Сé е искинато. Се гледат само траги и остатоци од деловите каде лепилото најмногу држело. Причина за ова, по се изгледа се неплатените давачки за користење на инфо-таблата. На тоа упатува залепениот препознатлив жолт знак на УЈП, за запленување. Дали физички ќе се отстрани, нема да се користи или ќе се најде мунасип за плаќање, останува да видиме.

Loading