ЖИВОТ СО КОЗИ

Пензионерот од пропаднатиот магнат, Центропромет, поранешниот шофер, Иван Петровски, на 72 години уште го држи снагата да гледа кози. Неговата фамилија пред 1950-та имала над 800 вакви животни, но државата им ги одзела, оставајќи само 16 кози. По потекло од велешко, Илија нема срам од работа. Каква и да е, човек мора да печали за опстанок.
– Одгледувам 13 кози, шест се молзни и еден брав. Со млекото успевам да ги прехранам двете внучиња и да остане за малото теле. Млекото е квалитетно, па имам и постојан муштерија кој зема по некој литар секоја недела – објаснува Иван, кому пасењето кози во природа, му било подобро отколку возење камион. И сега не се жали, кажувајќи дека секаква работа е подобра од седење со скрстени раце и лелекање за опстанок.

Loading