СРЕДБА НА ВЕТЕРАНИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ

При посетата на Прилеп претседателот на Советот на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Доцев оствари средба со претседателот на ОК Никола Димески, претседателот на Советот на ветерани при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димоски – Шаторот и со членови на Советот на ветерани.
– Цел е постојано зајакнување на сите работни тела на Партијата. Судејќи по сериозното сваќање овде, радува што целта се исполнува во Прилеп – рече Доцев, потенцирајќи дека ваквите состаноци ќе продолжат.
Тој потсети на основањето на партијата, на историското значење на ВМРО и упати порака до помладите генерации да ја сакаат Татковината.

Loading