РИСТЕСКИ ЈА ПРИВЛЕКУВА ШВАЈЦАРСКАТА ДИЈАСПОРА

alt

На покана на македонските иселеници од Швајцарија, за Денот на независноста, 8-ми Септември, градоначалникот Марјан Ристески оствари повеќе средби со сонародниците од кантонот Вауд, чиј главен град е Лозана. Градоначалникот ги запозна домаќините со можностите за инвестирање во Прилеп, а гастарбајтерите од Швајцарија покажаа интерес за можностите за пренесување на бизнисите во татковината.
Таткото на Прилеп го истакна значењето на дијаспората во подобрување на македонската економија, особено на Прилеп преку неколкуте индустриски зони и поволната инвестициона клима.
Сонародниците ја искористија приликата и на Ристески му доделија признание за најуспешен градоначалник на Македонија.
Во швајцарскиот град Ешалан живеат 80-тина македонски семејства.

Loading