ПОСТЕЛНИНА НА ПОДАРОК ЗА БОЛНИЦАТА

Хируршкото одделение во болницата е освежено со нови  јоргани, перници и чаршави, што се донација од фирмата “Комфи ангел”, а на идеја на Унијата на жените на ВМРО – ДПМНЕ. Комплетно се замени старата постелнина. Директорот Илија Богатиноски вели дека донацијата е добредојдена, бидејќи планираните средствата за оваа намена ќе бидат насочени за набавка на нови инструменти.

Ирена Јорданоска, генерален менаџер на “Комфи ангел” изјави дека како општествено одговорна компанија претендираат на обезбедување на подобри услови за пациентите.

Од болницата најавуваат реконструкција на внатрешноста за еден милион евра, но под итно е потребна набавка на нови апарати и доопремување на ургентното одделение. Болницата обезбедува здравствени услови на потеницијални 150 илјади пациенти.

Loading