ОД БАШ-МЕСТО ДО ДЕПОНИЈА

На Варош, веднаш до нагорнината што води до манастирот св. Архангел Михаил, стои едно здание, кое е паметник на едно минато време, а истовремено и грда слика за околината.

Варошани велат дека таа сега грда, еднокатна куќа, без никаква  дограма и преполна со смет и неподнослива смрдеа, било култно место за нивно збирање и дружење. Пред многу години, како што кажа една постара варошанка, тука, во Бегова Меана, се играло шах, се делеле карти за хан, се потпивнувало некое пиво за одмор… Секогаш било полно и секогаш весело. Ама, по кажувањата на варошанката, со несредените имотно-правни односи, останала познатата меаната и без муштерии и без фирма и без газда. А куќа без газда, станува руина, грдосија и прибежиште за секакви погани животни и растенија.

Loading