ЛЕТЕ КУПИ, ЗИМА ГРЕЈ СЕ

Во Прилеп, како и во поголемиот дел на земјава, главен избор за греење е огревното дрво. Електричната енергија е последна алтернатива, зашто вчудоневидувачка е цената на овој енергенс.

Добриот домаќин на време се подготвува за зимата. Прави есап, колку дрва да земе, даб или бука, колку му останале од лани и секако, да најми сечачи на трупци дрва кои како и секогаш чекаат муштерии над мостот кај Табана. Под малите шарени сенки, времето го трошат на острење на запците од циркуларот со турпија, монтиран на шасија од Рено 4 или Фиќо.

Сечачите велат дека муштериите ги бараат за сечење на трупците долги еден метар на помали – стифарни за во шпорет или камин. Нудат и цепење и носење до местото што газдата го одредил за таа намена. Цената за сечење на кубик е околу 100 денари, а за цепење и носење по 50 денари од кубен метар огревно дрво.     

Loading