ГОЛ ТРОТОАР ЗА АРНО

Во подготовката за втората фаза на изработката на авенискиот влез за Прилеп, прво настрадаа дрворедите од бензинската пумпа на Макпетрол до Крстосницата на Солидност. Останати се само дебелите трупци кои се зацврстени длабоко во почвата со долгогодишните корења. Истовремено е искорнат асфалтот од тротоарите во цела должина за поставување на подземните инсталации.

Жителите не се жалат, зашто знаат дека градбата на втората фаза  ќе биде брзо завршена, а околината ќе биде подобра, пофункционална и посигурна. Можеби им пречи што газат метро-две како по изорана нива додека стигнат до улицата, но сето се прави за нивно арно.

Првата фаза од авенискиот влез е завршен и претставува вистинско задоволство да се вози по новиот асфалт, рамен како тепсија.  

Loading