ЌЕ НИКНЕ ВИКЕНД НАСЕЛБА КАЈ ЕЗЕРО

Локалната самоуправа има направено комплетна студија за ДУП за урбанизирање на просторот околу вештачкото езеро, со што ќе се проектира викенд населба.

– Се предвидуваат голем број викендички со вештачки езерца, игралишта и други објекти. Ќе биде дадено на концесија, што значи дека во иднина тоа ќе биде одлична можност преку е – аукција да се откупуваат плацеви за викенд куќички – најавува градоначалникот Марјан Ристески.

Викенд населбата ќе биде по принципот на Градина. Ќе се наоѓа од левата страна на патот.

Loading