ДОМАШНИОТ ТЕРЕН БАКСУЗ

ФУДБАЛ: ВТОРОЛИГАШИТЕ НЕ ЈА КОРИСТАТ ПРЕДНОСТА

НА ТРИ МЕЧА НЕ ПОСТИГНАА ГОЛ

Домашниот терен е предностза сите, освен за прилепските второлигаши. На три меча не забележаа ниеден триумф. Не дадоа ниту гол за радостна навивачите. Победа играше нерешено 0-0 со Скопје, 11 Октомври го повтори со Силекс, а во средата, за куп 11 Октомври загуби со високи 0-4 од прволигашот Ренова.

Загрижуваат “ненаместените нишанските справи”. Уште повеќе што до шанси тешко се доаѓа. Нема течна игра. Тоа е последица на тешките услови, подготовките и тренинзите. Без контролна средба на стадионот Гоце Делчев. Нема место за критика без услови. Теренот и на првенствените мечеви не е за пофалба, иако се презедоа напори за санација. Нужно е континуирано и стручно за одржување на теренот, да не се претвори во исушена ливада

Како и да е, бројките кажуваат. Нема ефикасност, нема голови. Немоќ владее пред противничкиот гол. На куп мечот со Ренова, можеше да се ублажи поразот, но и од белата точка Дунимаглоски немаше среќа. Топката ја одбрани Зендели. Борбеноста е на високо ниво. Максимум. На гости 11 Октомври со гол на Никовиќ загуби 3-1 од Маџари, а пак Победа изваде 1-1 кај Локомотива со голот на Чешелкоски.

Викендов има интересни дуели. В сабота (17 ч.) Победа го чека Миравци, а 11 Октомври оди кај Тетекс.

ПРОДАДЕНИ РАСПОРЕДИ

Во фудбалот уште се бараат распореди. Навивачите на Победа и 11 Октомври ги купиле сите весници. Веќе се копира еден примерок дфа се печати на десетмина.

Loading