СИНИ СНЕГОВИ (9)

СО ЦЕЛ ДА ЈА РАЗБИЕМЕ ЛЕТНАТА МОНОТОНИЈА, НО И ДА ПОТТИКНЕМЕ ЕМОЦИИ ДА ОБЈАВУВАМЕ ПРОДОЛЖЕНИЈА ОД НОВЕЛАТА СИНИ СНЕГОВИ ОД АВТОРОТ НАТАША МИРЧЕСКА.

Ема í го подаде филџанот со кафе и, носејќи го својот, отиде во дневната соба. Седна со видно негодување што таа е тука.

Седнувајќи спроти неа, мајка í внимателно ја праша:

– Да не знаеш зошто Никола си замина?

Ема пребледе. Почувствува грч, кој како да и застана на грлото. Со краен напор се обидуваше да реагира “нормално”.

– Јас да знам зошто си заминал? – божем зачудено ја праша. Не знам ни зошто дојде…?

– Можеби не знаеш зошто беше дојден, но знаеш зошто замина… Сигурна сум.

Ема стана, избегнувајќи го нејзиниот поглед. Не беше сигурна дали да í ја открие страшната тајна.

– Да знаеш грешно ти се чини… Па јас него…, синоќа првпат го видов.

– Ема, кога ќе сфатиш дека никогаш не си успеела да ме излажеш? Вашата синоќешна “прва” средба многу ме изненади. Не изгледаше баш дека е прва. Рака на срце, тој добро се држеше…, а ти дури и си замина… Дојде до неа и ја прегрна. Ема веројатно има нешто што сигурно би требало да го знам…

– Подобро да не знаеш – се предаде Ема.

– Боли, многу боли…

– Ти си заљубена! Треба да си среќна. Знаев. Како Никола те гледаше сношти? Кога си замина, не му се зборуваше. Ема, можеби те навредил, но  сигурна сум дека е зацапан ептен во тебе.

Мајка í беше пресреќна. Силно ја гушкаше и на глас се смееше.

– Немој мамо, не е баш така – í рече Ема, оттргнувајќи се од неа.         

– Моите чувства се залудни. Тој…, тој – повторуваше Ема, барајќи вистински зборови да не ја потресе премногу – тој  е женет. Има и ќеркичка…

– Никола?! Не е можно. Баш синоќа го …

– Лаже мамо – ја прекина Ема… Има уште нешто пострашно.

Ема, отиде до мајка си, која ја гледаше зачудено и изненадено. Ја фати за рацете и ја гледаше право во очите.

– Можеби ова не би смеела да ти го кажам, но… мораш да знаеш… Никола…, тој…, í бил љубовник на баба…

Ема се чувствуваше ужасно. Од очите и потекоа солзи. Мајка í ја гледаше со ширум отворени очи.

– Ема, добро си – запрепастено ја праша…- дали знаеш што зборуваш? Тебе паметот како да те напуштил…

– Знам дека е тешко да се сфати. Но, верувај ми така е… Потешко ми е. Јас навистина се заљубив, липаше Ема, сакајќи од себе да ја исплаче својата болка.

– Ема кој ти ги кажал овие глупости – тресејќи ја за рамениците í рече мајка и.

– Ема тој никогаш не би можел да и биде љубовник на твојата баба. Ема жити господ знаеш ли што зборуваш.

Мајка í почна да се смее. Ема презирно ја погледна:

– Мислиш те лажам…

– Оф, Ема што си  направила… Ти овојпат вистински си вљубена. По глупава работа од вљубен човек досега и не сум слушнала – í велеше мајка и смеејќи се…

0  0  0

– Госпоѓице, ќе можете ли сами понатаму? Има многу снегови на е планината – и рече таксистот, вадејќи ја нејзината единствена торба од багажникот.

– Благодарам, го знам патот, ќе се снајдам – љубезно му одговори Ема. Почека таксито да замине. Се обѕрна околу себе. Беше премногу тивко, само овојпат тоа не í сметаше. Бело снежно пространство се распостилаше околу неа. И се пристори како боровите и елките да ги потргнуваат своите натежнати ветки, правејќи и пат. Срцето í затрепери. Чувствуваше страв, не дека ќе се загуби, туку како ќе погледне во неговите очи. Толку многу го љубеше, што мораше да проба да го зграби за себе. Решително зачекори во снегот. Го слушаше неговото крцкање под нозете.

Почувствува како ветрот почна да и ја мрси косата. Небаре таа го прекрши неговиот сон. И се чинеше дека и праќа добредојде. Сосема неочекувано и белите снегулки го започнаа својот танц. Ема зазбивтано брзаше напред. Конечно стигна пред куќичката. И се чинеше дека е поубава, отколку првиотпат кога ја виде. Многу í олесни кога виде дека Никола не е внатре. Имаше време да го разработи планот. Во куќичката се беше на место. Ема најпрво се обиде да го запали каминот и, за нејзина радост, успеа. Се распакува и удобно се смести во големата фотелја, чекајќи Никола да се појави пред вратата. И да сакаше не можеше само така лесно да му се извини за тоа што му го рече. Затоа планираше да биде толку “добра и љубезна”, како и првиотпат. Поскоро, отколку што се надеваше, Никола влезе во куќичката. “Првиот гол” беше нејзин. Од авион се гледаше како го изненади нејзиното присуство.

– Добар ден, иронично му се обрати, гледајќи како смрзнуваат неговите две сини езера. Мислев дека повеќе не доаѓаш тука?

Никола не í прозборе ниту збор. Неколку минути нивните погледи се мечуваа. Битката беше жестока. Напнатоста ја зголемуваше огнот во каминот кој забаботи од силината на пламените јазици кои пиштеа од него.

– Што бараш овде? – процеди Никола низ забите

– Ова е сега моја куќичка. Баба ми мене ми ја остави… Не знаеш? –  дрско  му одговори.

– Само да ги земам моите работи – í рече Никола, фрлајќи í го пред неа клучот од куќичката што тој го имаше.

Ема си ја поткаса усната. Како нож да í се заби во срцето. Очекуваше дека повторно ќе í покаже “кој е газда”… Сакаше да му се фрли пред нозете, молејќи го да í прости, да ја сака… Седеше како закована во големата фотелја, гледајќи го како ги зема работите и оди. Не í проговори ни збор повеќе. Не ја ни погледна. Кога ја затвори зад себе вратата, Ема, потрча по него. Гордоста не í дозволи да го моли. Горчина чувствуваше на своите усни. Падна на коленици пред затворената врата и почна да плаче. Плачеше додека имаше солзи во очите.

Деновите се редеа. Ема не знаеше дали е ноќ или ден. Капаците на прозорците беа затворени. Одвреме навреме ќе чуеше како ветрот í тропа на вратата. Ветерот, и никој друг. Беше изгубена, разочарана и сосема сама, како никој на овој свет. Страдаше полна со љубов кон човекот кој не ја сакаше. Имаше среќа што дрва за огрев имаше доволно, инаку веројатно ќе смрзнеше. Храна речиси не вкусуваше. Ја мразеше оваа зима од дното на душата. Ја проколнуваше судбината и лудоста што дојде повторно тука. Беше јасно дека дефинитивно се е изгубено за неа.

^увствуваше потреба засекогаш да остане осамена во бабината куќичка и засекогаш само него да го сака со својата болка. Но,… знаеше дека мора да замине…, да си оди. Со часови ги пакуваше работите, надевајќи се секој миг Никола да тропне на вратата. Беше залудно. Единствено ветрот одвреме – навреме ќе í чукнеше на вратата, колку да í го вознемири ранетото срце.

Loading