КАПИ ВО ЛЕТ

Домот на културата вторпат им излегува во пресрет на средните училишта за свечено доделување на дипломи на матурантите. Церемонијата за среднистите на заминување од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” била по теркот на западните земји. Неизоставен дел биле тогите и квадратните капи, а учениците кои постигнале успеси за училиштето биле почестени со специјално изработени шалчиња.

На свечен начин, дипломите за завршено средно образование им беа доделени и на матурантите од Гимназијата и од СОУ “Орде Чопела”.

Loading