БОРБАТА ПОМЕЃУ ДОБРОТО И ЗЛОТО

Многу одамна, кај едно дете се создало конфузија. Не му било јасно зошто луѓето се различни. Зошто едни се добри, а некои се толку лоши. Разговарал со дедо си и побарал одговор.

Дедото на својот внук му раскажал една животна вистина.

Во душата на секој човек се води битка, како борба помеѓу два волка. Едниот претставува зло, бес, завист, љубомора, вина, жалење, алчност, ароганција, грев, лутина, инфериорност, лага, лажна гордост, егоизам, самосожалување… Другиот волк е доброто. Дава задоволство, мир, љубов, надеж, ведрина, вистина, понизност, љубезност, добрина, срдечност, дарежливост, самосочувство и верба.

Внукот сите мисли ги фокусирал во зборовите на дедо си и го прашал:

– И, кој волк на крајот победува?

Дедото одговорил со насмевка на своето старо лице:

– Победува тој што го храниш.

Важно е што исполнува, што í се нуди на душата, со што се храни. Бидејќи тоа резултира со што се задоволува таа, дали го поддржува злото, кое води во пропаст или доброто кое нуди спасение и вечен живот.

Успева внатрешната борба, доброто да го победи злото.

Loading