ГОТОВА Е СПОРТСКАТА САЛА ВО “Р.Р. РИЧКО”

Извршен е технички прием на новата спортска сала во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Наставата по физичко образование во новата учебна година, учениците од паралелката за спорт ќе ја изведуваат во новата сала со трибини за гледачи. И останатите ученици ќе спортуваат со новите реквизити во објектот, што е дел од владиниот проект за градба на 145 училишни спортски сали. Средствата од околу 40 милиони денари ги обезбеди Министерството за образование и наука.

Спортска сала од овој тип треба да се изгради и во ОУ “Добре Јованоски”, а без трибини веќе има сала во СОУ “Ѓорче Петров”. Во тек е градбата во СОУ “Кузман Јосифоски Питу”. Сали за спортување ќе добијат и учениците од ОУ “Блаже Конески”, “Кочо Рацин” и “Кире Гаврилоски”.

Инаку, во СОУ “… Ричко” се менува надворешната столарија. Министерството за образование инвестира осум милиони денари. 

Loading