“КОМФИ АНГЕЛ” БЛИСКУ ДО ЕВРОПСКА БИЗНИС НАГРАДА

Конфекцијата “Комфи ангел” која стана национален шампион, влезе во трката за најпрестижните “европски бизнис награди”. По гласањето наесен, наградите ќе бидат доделени в година.

Генералниот менаџер Ирена Јакимоска е горда што  успеале да бидат избрани во силната конкуренција.

– Европските бизнис награди се излог на најдинамичните европски компании. Се фокусираме во следниот круг од трката уште попосветено. Ветувам дека ќе освоиме награда – изјави Јакимоска.

За изборот на “Комфи ангел” во натпреварот за европска награда пресудни биле резултатите од производството во една година, квалитетот, но и инвентивноста.

“Комфи ангел” е мешовито македонска британска фирма, која девет години произведува постелнина, перници… Над 95 отсто од производството го пласира во странство. Ангажира над 600 работници. Во мај годинава го постави новиот Гинисов рекорд во производство на најголема перница, која беше тешка над шест тона.

Loading