ДО ТРЕСКАВЕЦ ПО АСФАЛТ НА 28 АВГУСТ

ПО ВЕКОВИ БЕСПАЌЕ           

– Патот ќе овозможи полесен транспорт на материјали за претстојната обнова на опожарените конаци и услови за подем на манастирскиот туризам

По асфалтиран пат ќе се стигнува до манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец на 28 август. Околу половината од трасата долга 7,5 километри веќе е послана со асфалтен слој. Се очекува ГП “Гранит” да заврши со асфалтирањето неколку дена пред празникот.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески не го крие задоволството што на празникот Голема Богородица ќе може да се искачува секој добронамерник до горе по новиот пат.

– Наместо за 18 месеци, патот ќе биде готов за 12 месеци, точно по една година од поставувањето на камен темелникот. Ветеното се исполнува. Патот ќе овозможи развој на манастирскиот туризам – вели министерот Јанакиески.

Од општината потенцираат дека се исполнува долгогодишниот сон на прилепчани  и на сите верници.

– Манастирот ќе стане подостапен, а ние како општина и совет, ќе помагаме за враќање на неговиот сјај – вели Никола Димески – претседателот на Советот.

Инаку, конаците на Трескавец третпат изгореа во пожарот од 4 февруари. Спасена беше црквата со значаен фрескоживопис.

Според најавите од Музејот проектот за обнова на конаците е доставен на одобрување во Националниот конзерваторски центар. Готови се проектите за инфраструктурата.

Loading