ПИВОФЕСТ Е ГРАДСКА РЕКЛАМА ЗА ЏАБЕ

Капење со пиво и лет на пластични шишиња на над десетиците илјади фанови на музиката на Горан Бреговиќ беше финишот од 11- тото издание на Пивофестот.  Атмосфера на делириум создадоа хитовите “Месечина” и “Чае шукарие”, а градот “експлодира” со “Калашников”.

Тоа беше само еден од четирите бурни денови и ноќи во пивската еуфорија, со насмени лица, високо кренати кригли и раце и со маскоти на мајмуни. Градот нагости 400 илјади пивопијци, а комуналците го суредија нередот за неполни 24 часа.

Празникот на пивото ефектуира околу четири милиони евра. Помина без ниту еден инцидент и беспрекорна организација од паркинзите, кампингот, обезбедувањето… Потврдена е способноста за организација на балканска манифестација од мега калибар. И тоа само за околу 200 илјади евра, во кои локалните власти учествуваат со 33 проценти.

Ефектите се и економски. Пиварниците се презентираа, трговијата живна, а најголемата полза е афирмацијата на градот. Нема цена за реклама што може да привлече толку луѓе. Создаден е бренд. Прилеп е центар на фестивалскиот туризам на Баланот во овој период од годината.  Конечно, прилепскиот празник на пивото се доближува до спектаклот на Октобар фест во Минхен.

Loading