ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ “ПРИЛЕП”

СОВЕТНИЦИТЕ ДАДОА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО 

Советниците дадоа виза за основање на јавно сообраќајно претпријатие “Прилеп”, кое ќе го организира градскиот превоз и ќе стопанисува со паркинзите и туристичкиот воз. На располагање ќе му бидат автобусите кои претходно ги имаше набавено општината, како и новите кои се очекува да пристигнат деновиве. Новото ЈСП ќе ги превезува и  жителите од населените места особено во пазарните денови, а ќе обезбеди и превоз на учениците. 

– Брзо ќе се изготви статутот за работа и претпријатието ќе профункционира. Јавниот превоз беше барање од граѓаните, бидејќи градот се прошири и има населби кои се далеку од центарот. Сообраќајната анализа ќе ги утврди линиите, кога и како ќе минуваат автобусите – вели Никола Димески, претседател на Советот.

Ќе има и нови вработувања, ќе се искористат и професионалните кадри од општината, а цената на услугите ќе биде прифатлива, колку да се покријат трошоците на јавното претпријатие. 

Loading