СУПЕР МАРИО ЗА СТАРИТЕ

“Супер Марио” е проектот кој општината партнерски ќе го спроведува со  Домот за згрижување на изнемоштени лица следниве 12 месеци, а со кој ќе им се помага на стари и изнемоштени лица. 

Советниците дадоа виза да се снабдуваат со лекови и други потреби старите лица во градов кои живеат сами дома. Точно 15 волонтери ќе ги посетуваат и ќе им помагаат при набавка на храна, лекови, облека.

– Практично ја остваруваме ветената предизборна програма – вели Никола Димески, претседател на  советот на општина Прилеп.

Loading