ПРИЛЕПСКИ ФИРМИ ПРЕТСТАВЕНИ ВО КИНА

Меѓу повеќето компании на македонскиот штанд на Конференцијата за соработка на Кина со земјите од Источна и Југоисточна Европа, биле претставени и прилепски компании. Витаминка, Мермерскиот комбинат, Тутунскиот комбинат и Комфи Ангел се неколкуте прилепски бренда од прехранбената, минералната и текстилната индустрија кои ги презентирале своите капацитети пред Кинезите.

Инаку, главната цел на посетата на македонската делегација предводена од претседателот на Владата, Никола Груевски, е воспоставување на бизнис соработка за што биле остварени повеќе средби со кинески компании од сферата на енергетиката, градежништвото, фирми кои се занимаваат со електроника. Се разговарало за можностите за инвестирање, за даночните олеснувања, кратењето на административните процедури и добрата бизнис клима за доаѓање на кинески инвестиции во Македонија.

Покрај Груевски, во делегацијата е и градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на Советот Никола Димески, придружувани од прилепските бизнисмени. На штандот била претставена државата во рамките на Дијалогот на локални лидери и зајакнувањето на капацитетите за локална соработка на единиците на локална самоуправа од регионот на Кина, Источна и Југоисточна Европа.

Loading