КИСЛОРОД ДО СЕКОЈ БОЛНИЧКИ КРЕВЕТ

ГРАДСКАТА БОЛНИЦА “БОРКА ТАЛЕСКИ” ИМ КОНКУРИРА НА ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ

– СО ДОНАЦИЈАТА ОД 20 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА, ГИНЕКОЛОШКО – АКУШЕРСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ Е НАЈСОВРЕМЕНО ОПРЕМЕНО 

До секој болнички кревет во болницата има довод на кислород, како најважна компонента за одржување на човекот во живот и услов да се избегне фаталниот исход поради прекин на дишењето. Пуштена е во функција станицата за централни медицински гасови. Опремата е донација од Министертвото за здравство, со сопствени средства од 20 илјади евра, менаџерскиот тим на болницата, успеа да го стави системот во функција. Со тоа поквалитетно се извршува лечењето, а речиси нема болничко одделение каде не е инвестирано во опрема и инвентар. Само во гинеколошко акушерското се вложени над 20 илјади евра кои се донација од локалната самоуправа. Пациентите располагаат со најсовремени услови според потребите. Затоа кај пациентите нема дилеми за изборот за лекување меѓу државната и приватните болници. Зашто, ем се добива стручен третман, ем се штеди семејниот буџет.

Системите за кислород и вакуум ги прави интервенциите поефикасни.

– Се искачивме на повисоко ниво за работа не само во операционите сали, туку и во одделенијата кои се за интензивна нега. Во секое време пациентот максимално ги добива итните услуги, нема повеќе недостаток на боци за кислород. Во секое време и секаде достапен е кислородот – вели Илија Богатиноски, директор на болницата.

На пациентките им се на располагање болнички соби со висок комфор на гинеколошко – акушерското оддление. Со тоа им се олеснуваат секојдневните животни активности во текот на болничкиот ден. Со набавката на уште два современи родилни стола, на модерниот стол за постоперативни гинеколошки прегледи и интервенции, родилното оддление се носи рамо до рамо со приватните болници. Опремени се и ВИП болнички соби.

– Со добиениот апарат за ЦТГ, вршиме мониторинг на срцевата акција на бебето, доопремени се собите на едно високо ниво. Ќе воведеме и дополнителни, екстра услуги, надвор од платените на фондот за здравство, пацинетките да немаат потреба да одат надвор од градот, затоа што истите услуги, дури и подобри, ќе ги добијат во прилепската болница – вели Богатиноски.

И градоначалникот Марјан Ристески ги повикува граѓаните да ги користат услугите, бидејќи болница располага со млад високостручен кадар. 

Болницата опслужува четири околни општини со над 120 илјади жители. И од следниот буџет се планира да се издвојат над 20 илјади евра за подобрување на условите во Детското одделение. 

Loading