БАБИН ЗЕЛНИК ЗА СРЕБРО

За верскиот празник Св. Константин и Елена, педесетина пензионери од Прилеп го прославиле во манастирскиот комплекс Еленец во селото Цера. Биле гости на пензионерите од Македонска Каменица.

Домаќините кои гоштевале пензионери од цела Македонија, се покажале во одлично светло, збогатувајќи ја прославата со забавна програма и кулинарски натпревар. Кулинарскиот меч  бил со мирис на мискојни од вешто подготвените баници, пити и зелници, печени по стари рецепти на жар и под вршник.

Нашите пензионерки испекле зелник, кој жирито, после дегустирањето го прогласил за втор најдобар.    

Loading