МАРИОВО СО ЗНАЦИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ

Локалната самоуправа и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион од Битола поставија 25 инфо знаци за заштита од пожар во селото Бешиште во Мариово. Знаците се поставени со помош на Здружението за мотоспорт Битола, во рамките на проектот за заштита од пожари на граничното подрачје со Грција во рамките на проектот за меѓугранична соработка меѓу деветте општини од  Пелагонија и грчкиот град Лерин, а поддржан од европските фондови.

Со проектот се влијае на заштитата на животната средина, а им се овозможува на противпожарните единици од двата региони да дејствуваат поефикасно во заштитата од пожари и во гаснењето на пожарите.

Loading