КАПЕЛАТА ПРЕД ФИНИШ

Се приведува при крај градбата на капелата на новите градски гробишта, која за кусо време ќе им биде дадена на користење на граѓаните. Хортикултурно се уредува и се поплочува надворешното плато. После ќе се поплочува внатрешноста со гранит и ќе се опремуваат четирите сали, кои ќе имаат можности за изведување на четири погребални церомонии едновреме.

За повеќе од милион денари се набавени и поставени морталните фиоки. Внатрешноста е според сите стандарди за објект од ваков карактер. Предвидени се неколку продажни простории за погребална опрема, цвеќарници и угостителски услуги.

Окончани се градежните, молерофарбарските работи, одводот и доводот на електричната, канализациската и водоводната инсталација, поставена е ПВЦ дограмата…

Според директорот на Комуналец, Златко Ристески, со повеќето барања на граѓаните е потврдена неопходноста од услугите на капелата за град од околу 80 илјади жители.

– Се оддолжи градбата поради ставање на приоритетната листа на царинскиот терминал за потребите на бизнис секторот лани. Објектот е завршен и сите сили се насочени на привршување на капелата – вели Ристески.

Капелата е на 1400 м2 и ќе биде една од најопремените. Комуналец досега вложи над 16 милиони денари, а вкупната инвестиција е 19,6 милиони денари.

Loading