1500 ЕВРА ЗА ЗАМИНУВАЊЕ ОД ЕУРОКОМПОЗИТ?

Го прекинаа штрајкот околу 380 работници на прилепскиот загубар  од наменската индустрија Еурокомпозит, откако премиерот и други владини претставници им ветија работен ангажман до приватизацијата на фирмата. Синдикатот заедно со генералниот директор оствариле средба со премиерот Никола Груевски, на која присуствувале и министерот за финансии Зоран Ставрески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и заменик министерот за одбрана Емил Димитров, при што се договорило да им се исплати социјален пакет од 1500 евра на работниците кои сакаат да ја напуштат компанијата и да им се поделат дел од неземените плати.

До крајот на месецов се очекува распишување на уште еден тендер за продажба, откако пропадна последниот обид да се најде нов сопственик на фирмата.

Loading