ЏАБЕ НА ОДМОР 150 ДЕЦА

Владата ќе им плати седумдневен одмор на 150 деца од социјално загрозените семејства од Прилеп да ги почувствуваат убавините на Пелистер и на Струга. Првата група од 52 деца веќе замина за Пелистер. Останатите во неколку групи ќе уживаат на брановите на Охридското Езеро во Струга. Државата го плаќа и превозот, покрај комплетното сместување со по три оброка дневно. Со децата се и повозрасни едукатори од Црвениот крст, кои ќе се грижат за дисциплината. 

Лани 85 деца од Прилеп се одмараа на државна сметка.       

Loading