МАСОВНИ ДОНАЦИИ ЗА ЖИВОПИСУВАЊЕ

Носителите на градбата и организацијата на црквата Свети Константин и Елена во населбата Али Чаир, не мируваат и по осветувањето на храмот за празникот на 2 и 3 јуни. Иако православното здание што зрачи духовен мир надворешно е финиширано заедно со зелените површини, организаторите веќе се втурнаа во акција за собирање на средства за живописување на внатрешните ѕидови, за обезбедување средства за иконостасот и останатите елементи што ги красат црквите според православните канони. Организаторите, најпрвин со сопствени средства, го дадоа придонесот за градбата на црквата од околу 70 метри квадратни, особено носителот, фирмата Виком на Сашо Стојчески, за пак, со свои сили, и со помош на соседството и фирмите од градот продолжуваат да наоѓаат добри луѓе да го помогнат комплетното уредување. Велат дека нема куќа, нема дом, нема фирма која одбила да помогне. Сите широкоградо донираат што поскоро да се обезбедат средствата да се украси внатрешноста на црквата. 

Loading