ОСВЕЖЕН УПРАВНИОТ ОДБОР НА ТУТУНСКИ

Собранието на акционерите на Тутунскиот комбинат, каде доминира Владата со речиси 80 отсто од акциите, го освежи седумчлениот управен одбор со четворица нови членови. Најголемиот акционер прифати нови членови на бордот на директори да бидат скопјаните, магистер Елена Зарковска, магистер Христина Келеман и Здравко Здравески и Вера Димитриева од Радовиш.

Собранието не го усвоило извештајот за работењето на Тутунскиот комбинат во 2012 година.

Loading