МОЛ, МЕСТО СИРЕЊЕ

– СТРАНСКИ И ДОМАШНИ ИНВЕСТИТОРИ ГО МЕРКААТ ПРОСТОРОТ НА МАС ПАЗАР ЗА ДЕЛОВНО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР

Локалните власти бараат инвеститор за модерен трговско деловен центар со околу три илјади метри квадратни корисна површина на приземје и два ката, плус подземна гаража за сто возила ќе никне на просторот на пазарот за сирење. Локалната самоуправа го распиша огласот за продажба на плацот од околу 1600 метри квадратни со почетна цена од 1360 денари од метар квадратен. На 15 јули ќе се изведе електронска аукцијаза продажба.

Со овој објект се добиваат нови естетски вредности во центарот, а решението е направено да наликува на автентична градска архитектура.

Градоначалникот Марјан Ристески изјави дека во деловниот центар, кој инвеститорит ќе го чини околу три милиони евра, ќе се најде вработување на 100 до 150 невработени, а околу 20 отсто од просторот ќе биде наменет за канцеларии за ЈП Пазари.

– Веќе има заинтересирани домашни и странски вложувачи, спремни да инвестираат – рече Ристески.         

Паралелно е подготвен проект за градба на нов пазар за млечни преработки по ХАСАП стандардите во покриениот дел од пазарот.

Loading