ЕТНО РЕСТОРАН ВО МАРИОВО

Промоција доживеа првиот етно ресторан во месноста Брест, неколу километри над Расимбеговиот мост на Црна Река во Мариово. Пред мариовско – мегленските средби, сопственикот на фирмата “Нели ти реков”, Кирил Шајкароски, ги отвори вратите на ресторанот во мариовски амбиент, со доминација на камен и дрвото, и на гостите им понуди автентични мариовски специјалитети. На околу 40 километри од Прилеп, во Мариово, ќе може да се вкуси оригинално надалеку позанотото меко и биено овчо сирење, сукани мајстории на мариовските баби, печени под вршник и во селска фурна со слама, јагнешки специјалитети, тави и други специфични јадења  познати само на Мариовците.

Loading