ЧЕТВОРИЦА ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА ТЕПАЊЕ

Заради нанесување на телесни повреди, четворица прилепчани заработија кривични пријави. Двајца се товарат за семејно насилство, прилепчанка нападнала повозрасна жена, а пак друг натепал сосед, кој се карал со татко му, информира МВР.

За сторено кривично дело “телесна повреда при семејно насилство”, полициската станица поднесе кривични пријава против С.В. (30), бидејќи на 28 април во неговиот дом, по претходна расправија со неговата сопруга Е.В. (28), физички ја нападнал пред нивното малолетно дете, нанесувајќи í повреди на главата.

Не помалку нежен бил и С.К. (45) од Прилеп, кој  на 15 април во заедничката куќа со неговата поранешна сопруга Н.К., по кратка расправија, физички ја нападнал, нанесувајќи и повреди на вратот.

Кривична пријава “зарботи” и Р.Ш. (47) од Прилеп, нанесување тешка телесна повреда. Таа на 17 март, по кратка кавга, ја турнала П.Г. (71), која од ударот паднала и добила  тешка телесна повреда на десната подлактица.

И Н.А. (34) од Прилеп, ќе одговара за нанесување тешка телесна повреда. Тој на 10 април,  откако видел дека неговиот татко се расправа со Ј.К. (50), физички го нападнал Ј.К. и со употреба на тврд предмет му нанел тешки  телесни повреди на главата и телото.

Loading