20 КОМПАНИИ УЧЕА ЗА ИЗВОЗ БЕСПАРИ

Компаниите кои веќе извезуваат на странските пазари или пак планираат тоа да им биде идна деловна активност, на обуката  во рамките на проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, (ИДЕАС), се запознаа со практичната примена на маркетинг алатки. На претставниците на 20 компании, им беа презентирани и три веб портали кои нудат информации, можности за нови бизниси и учество во креирањето на економските политики. На бизнисмените им беа покажани новите електронски решенија, а тоа се порталот konkurentnost.mk извозниот портал, инвест Македонија и електронскиот регистар на прописи каде компаниите првпат ќе можат да учествуваат во изготвувањето на законите. Со учеството на бесплатната обука, “Извозна едукација – учиме извоз”, компаниите добија одговор на прашањата како да го истражуваат пазарот, кои се каналите на дистрибуција, извозни понуди, цени и договори со кои ќе постигнат поефикасен извоз.

– Со оваа методологија, извозните компании се потсетуваат за начинот дека систематски треба да се работи на задржување на местото на пазарите. На новите извозници им се овозможува систематизиран, проверен начин за размислување и кои чекори треба да ги преземат, ако сакаат да настапат на странските пазари. За Македонија, која е мала, отворена економија и со голем број на мали компании, не постои друга алтернатива освен да се размислува за извоз – вели Кирил Миновски, постар советник на проектот на УСАИД .

УСАИД влијае на унапредување на инвестирањето и извозот веќе трета година. Заедно со владините институции влијае на јакнење на човечките и институционалните капацитети, за побрза конкурентност на приватниот сектор и подобрување на севкупната економија. 

Loading