АВЕНИСКИОТ ВЛЕЗ Е ОГЛЕДАЛО НА ГРАДОТ

Откако финишира првиот дел на влезот во Прилеп и откако остана да се дотераат само тротоарите и велосипедските патеки на авенијата од Лук оил до пумпата на Макпетрол во должина од 800 метри, локалната самоуправа тргна во урбанистичко сообраќајно и модерно заокружување на потегот на улицата “Александар Македонски” од пумпата на Макпетрол до крстосницата кај поранешната конфекција Солидност. Преку Министерството за финансии е обезбеден кредит од Светската банка за реализација на втората фаза од авенискиот влез во градот. Градоначалникот Марјан Ристески го потпиша договорот за користење кредит од 800 илјади евра за изградба на двонасочна улица од 15 метри во должина уште за 1,2 километри.

– Бидејќи влезовите се лице и огледало на градот, се реконструира дел од улицата “Александар Македонски”. Од сегашните две коловозни ленти, со проширување, се проектирани четири ленти во двете насоки, кои ќе влијаат не само на урабаното дотерување на градот со уште еден булевар, туку на безбедноста во сообраќајот на оваа фреквентна улица. Сообраќајницата е архитектонски дизајнирана има пешачки и велосипедски патеки, ново осветлување и хортикултура на средината – вели градоначалникот Марјан Ристески,

– Проектот за инфраструктура ќе се реализира до 2017 година – вели Малгожата Малкиевич – Богов, директор на проектот за подобрување на општинските услуги во Министерството за финансии.

Градот ќе добие авениска врска со магистралата Градско – Прилеп.

Loading