ПИВАРНИЦАТА ВЛОЖУВА 7,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЛИНИЈА ЗА ПОЛНЕЊЕ

Нова линија за полнење на пиво и газирани пијалаци во стаклена амбалажа, вредна 7,5 милиони евра се монтира во Прилепска пиварница.

– Новата линија ќе го зголеми техничкиот капацитет скоро за двојно, едновремено ќе штеди енергија и вода. Инвестицијата има и еколошки аспект. Стратегијата за развој е доста успешна последниве години. За кусо време реализиравме неколку значајни инвестиции, искачувајќи се на врвот во однос на квалитетот на производите – вели Сашко Самарџиоски, генералниот менаџер на Прилепска пиварница кој истакнува дека нема да застанат во развојот.

Новата линија е единствна од ваков тип опрема во Македонија.

За десет години, Пиварницата инвестирала речиси триесетина милиони евра во опрема.        

Loading