РИСТЕСКИ ДОМАЌИН НА ШТАЈНАКЕР

Германската амбасадорка Гудрун Штајнакер при средбата со градоначалникот Марјан Ристески, најави Конференција од Комитетот за Источна Европа, на која ќе дојдат во земјава потенцијални инвеститори од Германија.

– Цел е продлабочување на соработката меѓу Германија и Македонија, како на економски, така и на културен и образовен план – изјави Штајнакер.

Во рамките на посетата на општината, германската амбасадорка се запозна со  функционирањето на ЈКП Водовод и канализација, каде íбеа претставени ефектите од реализираниот проект со германската КФВ банка.

Loading