24 ЧАСА ЗАБАР НА ШТРЕК

Градот доби 24 часовна стоматолошка услуга на нова современа техника во рамките на итната помош во Здравствениот дом. Граѓаните кои ќе ги мачи забоболка или некоја итна интервенција надвор од приватните стоматолози, особено во ноќните часови, ќе можат да побараат заштита од стоматолог со модерна опрема.

Стоматолошката итна служба се опремува по 25 години со инвестиција од околу три илјади евра од сопствените извори на Здравствениот дом.

Се очекува модернизирање и на одделението за превентивна детска стоматологија.

Loading