ТИМ ЗА ПОДОБАР ГРАД

Промовирани кандидати за советници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата ,,За подобра Македонија,,

,,Гордост е да се предводи тим од луѓе од различни профили, докажани професионалци во својата област. Тим со кои заедно ќе ја реализираме програмата 2013-2017 на ВМРО – ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник Марјан Ристески. Новата програма нуди проекти со конкретни рокови и буџет, кои чекаат реализација. Голем дел од проектите се идеи и предлози на сограѓаните, а овој тим макотрпно ќе работи и ќе ги реализира. Проектите ќе придонесат за подобрување на локалната патна инфраструктура, подобри услови во образовниот процес, подобри услови за странски и домашни инвестиции и други проекти, со кои ќе го продолжиме напредокот на градот”. Ова го изјави м-р Никола Димески, претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ и носителот на листата на кандидати за советници на промоцијата.

Според него, пред идните советници стои сериозна и одговорна работа.

– Треба да се одржи дадениот збор, како што ние тоа го правиме. Досега се реализирани стотици проекти во сите области на општественото живеење на градот. Ваквиот начин на работење ни дава за право со чист образ и гордо крената глава повторно да ја побараме довербата и заедно да направиме од општината уште поубаво место за живеење – додаде Димески.

Loading