ЌЕ СЕ ГРАДИ МОЛ КАЈ ЖЕЛЕЗНИЧКА

Трговско деловен центар ќе никне на местото од стариот млин на крстосницита на улиците “Маршал Тито” и “Војводинска” кај железничката станица. Скопски бизнисмен постигнал согласност со неколку десетици наследници на старите сопственици на млинот да ја купи локацијата и да ја урне за да крени деловен центар.

Локалните власти ја потврдија информацијата и соопштија дека плацот од околу 32 000 квадрати има маркичка за градба на објект од деловно трговски карактер. За скоро време ќе започне уривањето на руината и ќе се стават темели на импресивна архитектонска убавица.   

Loading