ГРУЕВСКИ: ЛОКВЕНЕЦ ПРАВЕШЕ БИЗНИСИ СО ТРАНЗИЦИСКИТЕ ДИРЕКТОРИ НА КОМБИНАТОТ

Додека ВМРО – ДПМНЕ оди на избори со човек кој е препознатлив по дела, кој нема ниту една црна дамка во кариерата, опозицијата, според Груевски, има човек како Локвенец кој е од време на транзицијата на СДСМ.

 

– Тоа е периодот кога Хари Локвенец успеа да стекне позамашно богатство. Во време кога СДСМ беше на власт, Локвенец правеше бизниси со Тутунскиот комбинат додека се распаѓаше и се уништуваше. Најголемата заработка на Локвенец беше кога со Тутунскиот комбинат работеа СДСМ – овските транзициски кадри. Тоа беа Тони Мицајков и Димитар Богдан, кои имаат правосилна пресуда со затворска казна за злоупотребите. Времето покажува дека постои не само генерациски јаз меѓу политичките конкуренти, кои денес изгледаат изморено, безидејно и прочитано. Ние даваме програма со рокови, со спремни средства и со проверени кадри – рече Груевски.

Груевски потсети на времето на СДСМ кога во Прилеп се затвори текстилниот комбинат Политекс. Без работа останаа стотина работници од фабриката Ридтекс, затворена беше фабриката Билјана, Црн бор, се раскрчмил имотот на гигантот Центропромет, се затворила фабриката Димче Бањарот, доведен до колапс била и најзначајната компанија – Тутунскиот комбинат.

– Во 2002-та година дојде Бранко Црвенковски во Прилеп. Наместо да каже што ќе гради, каков проект ќе направи, тој ги навреди бранителите, нарекувајќи ги животинско царство, а на луѓето ширум Македонија им вети по едно вработување во секое семејство – рече Груевски.

Тој е уверен дека граѓаните може да ја увидат разликата меѓу ВМРО – ДПМНЕ и нивните политички конкуренти.

Loading