ЖИВО Е СРЦЕТО – ТРЕСКАВЕЦ Е ВЕЧЕН

По пожарот во манастирот Трескавец

Besen ogan goltna bogatstvo

Сонцето блешти и грее под Златоврв. Во манастирот Трескавец тажна слика. Пеплишта насекаде. Остатоци околу црквата. Ги нема веќе конаците градени со љубов од прилепскиот еснаф. Изгореа до темел во силниот пожар што избувна во понеделникот. Исчезна и домот на отец Калист и на сите прилепчани, емотивно поврзани со овој Божји храм, од 13 век.

Трескавец, како што вели епископот Климент, е изгорено тело, но благодарејќи í на Мајката Божја што е живо срцето – црквата.

          Кога се живи храмот Божји и народот, од пепелта како феникс ќе изникне граденото, што во пожарот беше сотрено. Заеднички, градејќи го храмот, ќе го вратиме сјајот –  порача епископ Климент.

Cad i ogan go zamatija neboto nad zlatovrv

Според сознанија, пожарот се појавил во гостинска соба. Потоа се распламтил, па пожарникарите, доброволците кои отидоа на терен не можеа да ги спасат конаците. Интервенцијата на хеликоптерите беше спас за непроценливото богатство – црквата од 13 век.

Отец Калист со гостинот од Швајцарија, Филип Вајлмулер, го насетиле огнот и повикале.

– Се јавивме, но конаците изгореа. Првин стаса полицијата со командирот Драган Придаенкоски, со кого со голи раце ги спасувавме старите и вредни предмети – сребрени крстови од 19 век, книги и друго вредно богатство – рече Калист.

Со првите знаци дека горат конаците, граѓаните поитаа да помогнат, покажувајќи колку се приврзани со манастирот. Некои со џипови, други пешки.

– Веднаш отидовме да гаснеме на враќање од Скопје. Штетата е голема, ама ја спасивме црквата – вели  нашиот соговорник.

Меѓу првите беше и градоначалникот Марјан Ристески, кој изјави дека горењето на конаците од манастирот е голема катастрофа.

Kspasena crkvata  na Treskavec

– Верувам во хуманоста на граѓаните, на добронамерниците од цела Македонија. Се јавуваат многу луѓе да се изградат пак конаците и Трескавец да биде вечен, македонски бисер – изјави Ристески.

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска најави брза изработка на проект за старт на реконструкција во автентичен стил и за враќање на сјајот на манастирот.

Ова е трет пожар од 19 век наваму. Конаците гореле во 1867 и во 1990 година.

ВЛАДИНИ ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА

Владата итно издвои 615 илјади денари за санирање на првичните последици од пожарот. Министерството за култура за еден месец ќе изработи комплетен проект за реконструкција и реставрација на целокупниот манастирски комплекс, а Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта да ја интензивираат градбата на патот до Трескавец.

БИЗНИСМЕНИТЕ ЌЕ ГО ОДВРЗАТ ЌЕСЕТО

Стопанствениците ќе се вклучат во обновата.

– Реално е да се очекува реконстукција за две до три години – изјави Симон Наумоски, претседател на Регионалната стопанска комора.

– Да се санира со отстранување на констатираните недостатоци – додаде Ирена Јакимоска од Комфи ангел.

КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗА ТРЕСКАВЕЦ

Формирано е координативно тело за расчистување на остатоците од изгорените конаци, акција која започнуваа в недела.

– Префрлени се на жиро сметка одобрените еден милон денари  од Советот. Градежниците и архитектите подготвија план, а акциите ќе бидат континуирани со доброволци, претставници од  ЛС, ЈП, граѓаните. Музејот ќе ги обезбеди спасените вредни предмети. Ќе се санираат и црните точки на патот за првично да се искачат трактори, камиони. Помош се побара од Мермерскиот комбинат и ГП Гранит – вели градоначалникот Ристески.

КРОСРОУД БЛУЗ БЕНД ЗА ТРЕСКАВЕЦ

Вечерва од 21 часот на плоштадот Александрија групата Кросроуд бенд ќе одржи целовечерен концерт. Граѓаните ќе моат да даруваат за манастирот на поставени кутии за донирање. Ќе може да се донира и на жиро сметка – изјави Бранко Нешкоски од Координативното тело.

ОЏАКОТ ИЛИ СТРУЈАТА ГО ВИВНА МАНАСТИРОТ?

Истражниот судија Весна Пајмакоска посочи дека или електричната  инсталација или оџакот е причината за  пожарот во собата до камбанаријата.

– Стручнаци утврдија дека оџаците при реконструкцијата не биле професионално сработени. Конечното вештачење ќе биде готово за неколку дена – рече судијата Пајмакоска.

 

Loading