Се крои градски сообраќај

Сообраќајниот факултет во Битола изработува студија за оправданост од воведување на градски превоз во Прилеп, по барање на ЈП за просторно и урбанистичко планирање. Според директор Бранко Нешкоски, градот се шири просторно, а граѓаните се изложени на огромни трошоци за превоз од едниот кон другиот крај на градот кој е подолг од четири километри. Давачките за такси превоз минуваат во една насока повеќе од сто денари. Со децении се заговара градски превоз, кој е повеќе од неопходен. Очекуваме во втората половина од годинава да се инсталира режим на градски превоз, кој ќе биде поефтин – вели Нешкоски. Содржината на студијата што ја подготвуваа стручнаците од Факулетот за сообраќај во Битола треба да димензионира соодветен број на превозни средства, големина, насоки на движење… Општината очекува неколку нови автобуси од Владата. Студијата ќе покаже колку и каков друг вид на помали превозни средства ќе се набават, а за кои во буџетот има предвидено средства. Имаме најава дека од Владата ќе добиеме три автобуси од донацијата од кинеската Влада. Тоа е добра стартна позиција. Каква ќе биде организацијата, ќе реши Општината. Во игра се сите варијанти, од јавно претпријатие за градски сообраќај, па се до издавање на тендер на линиите. Не е искучено и јавно приватното партнерство – вели Нешкоски. Во Прилеп живеат околу 75 илјади жители. Заедно со околните населени места, Општината брои речиси сто илјади жители.

Loading