Промоција на “Купи куќа – купи стан “

Осумте банки кои учествуваат во владиниот проект “Купи куќа, купи стан” им ги објаснуваа условите на прилепчани. На поеќето им беше попривлечна варијантата со која Владата субвенционира половина од ратите во првите пет години. Граѓаните бараа појаснување за обезбедувањето на кредитите со недвижен имот или хипотека. Владата тука нуди можност и станот што се купува да обезбедува гаранција. Инаку, градските власти нудат неколку локации. Во елитната населба Градина, кај оранжериите, ќе се понудат 1 000 индивидуални единици, а на повеќе локации ќе се градат над 500 станови. Ќе се градат околу 1500 станбени единици, индивидуални и колективни. Во завршна фаза е иработката на деталните планови – изјави градоначалникот Марјан Ристески. За три недели ќе се распише и првиот тендер за инвеститори на градежно државно земјиште со кое сега располага Прилеп, а на кое има и локалции за станбени објекти.

Loading