Неколку стотина плацеви за “Купи куќа – купи стан”

Околу седумдесет парцели за индивидуална градба и три големи плаца за колективни згради со 361 стан подготвува локалната самоуправа за да го поткрепи Законот за обезбедување покрив над главата на дел од граѓаните со субвенционирани кредити, “Купи кука – купи стан”. До крајот на март ќе биде завршена процедурата на деталните урбанистички планови и на инвеститорите ќе им бидат ставени на располагање парцели за изградба за колективни станбени објекти во дел од дворот од касарната, во близина на поранешната конфекција Солидност и на улицата “11 Октомври”, на местото на сегашните времени објекти. Станува збор за неколку станбени објекти од по 3, 9 и 12 ката со вкупно 361 станбена единица, во просек од по 65 метри квадратни – изјави Илија Карески, раководител на секторот за урбанизам. Граѓаните кои ќе сакаат да обезбедат дом, а инвеститорите кои ќе сакаат да вложуваат, па да продаваат индивидуални куќи, локалните власти им подготвија простор за нова населба на местото од сегашните оранжерии. За тој простор, наречен “Градина” веќе се подготвуваат 67 градежни парцели со различни димензии. Парцелите ќе се даваат со електронско наддавање.

Loading