ЗАДГРОБНИОТ ЖИВОТ ВО ДРЕВНИОТ ГРАД ПРИЛЕП

Предавање

“Задгробниот живот во древниот Прилеп” беше темата на предавањето на новинарот и публицист Тренчо Димитриоски во Библиотеката. Тоа беше дел од проект именуван “Идентификување на содржините на древниот град Прилеп”. Преку говорен дел и низ фотографии Димитриоски ги опиша погребните објекти во камен на Маркови Кули, ги лоцира и ги објасни посебните форми и намената. Прикажа повеќе од 50 фотографии. Проектот е последна фаза од долгото истражување што публицистот го вршеше на теренот, преку собирање на податоци, документирање на објектите, препрочитување на соодветна литература, анализа на собраниот материјал и извршено класифицирање, категоризирање и карактеризација на собраниот материјал. Ја потенцирам природната и културната посебност на комплексот Маркови Кули и  укажав на културните вредности кои се специфика на овој природен и културен споменик. Ги доближувам постојните културни содржини на Маркови Кули, заедно со околните простори на Варош, Заград, Крклари и другите локалитети, кои се во контакт со централниот локалитет, со тврдината, до научната и културната, а особено до пошироката јавност – рече Димитриоски.

Loading