Изложба на графики

Во галеријата на ЦК,, Марко Цепенков,,

Изложба на дваесетина графики на уметници од земјата и странство од колонијата на графики – 2011 од Македонски брод ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ЦК “Марко Цепенков”. Ќе бидат изложени дела од прилепчанецот Александар Тасески – Џанго, од македонските графичари Симон Шемов, Ива Јосифова, Јадранка Урдаревска, Дарко Трпчески, Андријана Начевска – Мациев,  Нагип  Исмаили, Дијана Богдановска, Славко Тренкоски – Лок,  Лина Тренкоска, Билјана Бинкев, Горан Јованов, Арнела Муриќ, Неврус Каралешит и бугарските автори Михаела Ганчева – Гаджева, Татијана Илиева – Златева, Марија Ефтимова, Според доцент Марија Ефтимова, харизматичната природа на Поречието, им овозможила на творците да ги пресоздадат своите чувства, мисли и состојби на духот во неверојатната исказна форма на графиката.

Loading