Парето кај градоначалникот во Големо Коњари

К ‘сметот го погоди градоначалникот Марјан Ристески. Тој ќе биде домаќин за Коледе догодина во Големо Коњари.. Во парчето погача што ја кршеа домаќините, тој ја пронајде паричката. Очигледно и годинава ќе му биде успешна, плодна и богата. Ама догодина ќе треба добро да се покаже пред големокоњарци и да го организира коледарскиот настан. Инаку, во духот на традицијата и годинава се запалија бројни огнови по маалата. Се пивна топла ракија, се мезеше туршија, се вкусија грав и посна сарма.

Loading