Моделарство

Успех беше организацијата на еден, а Прилеп добива два светски купа во воздухопловното моделарство. Светската воздухопловна федерација (ФАИ) одобри градов да биде домаќин на две врвни натпреварувања, на Спортскиот аеродром Мало Коњари. Именувани се како “Светски куп Македонија” и “Трофеј на Прилеп”. На утврдениот меѓународен календар, првиот куп е одреден за 29, вториот за 30 септември годинава. Одлуката на ФАИ се должи на претходната беспрекорна организација на куповите минатите 12 години. Применети беа високи стандарди и услови за учесниците – смета Здравко Тодороски, директорот.
![]()

